„Амазон“ планира да отпушти повеќе од 18.000 работници
Компанијата со седиште во Сиетл почна да отпушта работници од одделот за апарати во ноември, а извор изјавил за „Ројтерс“ во тоа време дека имала за цел 10.000 отпуштања.

Американскиот гигант за онлајн трговија „Амазон“ планира да отпушти повеќе од 18.000 работници, потврдуваат од компанијата. Разговорите со погодените работници ќе започнат на 18-ти јануари и дека ќе им бидат понудени отпремнини, како и поддршка за барање друга работа.
Најпогодени од отпуштањата ќе бидат одделите за интернет продажба (Amazon Stores) и одделенијата за управување со човечки ресурси.
Компанијата со седиште во Сиетл почна да отпушта работници од одделот за апарати во ноември, а извор изјавил за „Ројтерс“ во тоа време дека имала за цел 10.000 отпуштања.
„Амазон“ вработува повеќе од 1,5 милиони работници на глобално ниво, е втор по големина приватен работодавач во САД.
