Македонија

Православните верници се подготвуваат за Божиќ

05.01.2023 12:25

Граѓаните се подготвуваат за еден од најголемите христијански празници, Божиќ – Христовото раѓање. Се купуваат и намирниците за бадниковата вечера…

Православните верници се подготвуваат за големиот празник Божик. Ден пред Божиќ е Бадник кога се најавува раѓањето Христово. Ден што е последен од 40-дневниот божиќен пост. Низ пазарите се нуди изобилие за сечиј џеб. Секој според можностите. Велат, традицијата мора да се одржи, исто како и бадниковата трпеза.

„Грав, маслинки, риба, винце … тоа, а за Божиќ мрсно.“

„Риба може, посна сарма, оревчиња …“

„Костени, нешто благо … гранче имаме задолжително“-велат граѓаните што ги анкетиравме.

Продавачите велат - од ден на ден, цените се зголемуваат во однос на изминатите години, се менуваат секојдневно. 

„За разлика од минатата година цените се повисоки, се поскапува и цените одат нагоре.“

„Каква е ситуацијата, такви се и цените, а од цените боли глава-секој ден нова цена е“, потврдуваат пазарџиите.

Бадниковите гранчиња се симбол пред Христовото раѓање, се верува дека го заштитуваат домот на православните христијани.

Домот за бадниковата вечера традиционално се украсува со бадниково гранче коешто симболизира здравје, среќа и го слави животот.

Александра Спировска