Судство

Рочиште за случајот „Титаник 2“ во Кривичен суд

05.01.2023 12:10

Случајот е во фаза на доказна постапка по вторпат, откако во декември 2019-та година Апелацискиот суд Скопје ја укина пресудата од Кривичниот суд со затворски казни.

Во скопскиот Кривичен суд, рочиште за случајот „Титаник 2“. На обвинителна клупа Сашо Мијалков и Мендух Тачи, и четворица поранешни членови на ДИК.

Случајот е во фаза на доказна постапка по вторпат, откако во декември 2019-та година Апелацискиот суд Скопје ја укина пресудата од Кривичниот суд со затворски казни.

Мијалков се гони за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“, другите обвинети во случајот за „злоупотреба на службената положба и овластување“.