Гир: Власта и опозицијата да се обединат за реформите
Евроамбасадорот во Македонија, Дејвид Гир, смета дека власта и опозицијата треба да се обединат во борбата со корупцијата и владеењето на правото.

Брисел бара спроведување на реформите за забрзување на патот до полноправно членство во ЕУ. Евроамбасадорот во Македонија, Дејвид Гир, смета дека власта и опозицијата треба да се обединат во борбата со корупцијата и владеењето на правото.
„Сметам дека главната порака се реформите, главните реформи што се неопходни за оваа земја да влезе во ЕУ, а тие реформи се, пред сè, во интерес на самите граѓаните. Тие опфаќаат широк опсег на прашања коишто ги засегаат граѓаните. Ова е работа што ќе ја предводи Владата, но треба да ги обедини сите од целиот политички спектар и од сите делови на општеството заеднички да работат за да се постигне целта – мирна, демократска и просперитетна земја во ЕУ“, изјави Гир.
