Сообраќајна несреќа

Велес: Воз удри во комбе, повредени десетина патници

05.01.2023 13:35

Десетина лица се повредени и пренесени во Општа болница Велес за укажување лекарска помош...

Тешка сообраќајна незгода помеѓу воз и патничко комбе на железничкиот премин кај поранешна „Порцеланка“ во Велес. Десетина лица се повредени. Пренесени се во Општа болница- Велес за укажување лекарска помош.

Од МВР потврдуваат дека воз на Македонски железници удрил во такси возило – комбе „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на такси компанија од Чашка, а управувано од Д. Ј(52) од Чашка.