ИН МЕМОРИАМ

Почина Владимир Анѓелов, видео монтажер во МТВ

05.01.2023 13:53

Ќе остане запаметен како исклучително чесен и добронамерен колега, посветен професионалец и вљубеник во својата работа. Неговиот професионален потпис се наоѓа на стотици емисии, коишто и по неговото заминување, остануваат трајно сведоштво во архивите на Македонската Радио Телевизија...

По кратко и тешко боледување во Скопје, на 46-годишна возраст почина нашиот драг колега Владимир Анѓелов.

Во текот на својот краток, но исклучително продуктивен професионален век во Македонската телевизија работеше како видео монтажер на голем број значајни телевизиски проекти од областа на документаристиката, културата, музиката, детската програма и информативните магазини.

Беше и остана препознатлив по креативниот пристап и несебичниот влог, во обликувањето на телевизиските содржини, во коишто оставаше свој препознатлив белег.

Ќе остане запаметен како исклучително чесен и добронамерен колега, посветен професионалец и вљубеник во својата работа. Неговиот професионален потпис се наоѓа на стотици емисии, коишто и по неговото заминување, остануваат трајно сведоштво во архивите на Македонската Радио Телевизија.

Му благодариме за соработката, нека му е вечен споменот!