Животна средина

Изворите на загадување влијаат врз густината на маглата

05.01.2023 14:52

Инфекции на долните дишни патишта, белодробна болест, мозочен удар, срцева слабост. Штетните честички, најголемата еколошка и здравствена закана – едногласни се истражувањата...

Климатската криза е реалност, горењето на отпад, загревањето на домаќинствата, индустријата, фактори што директно се одразува на квалитетот на животот. Инфекции на долните дишни патишта, белодробна болест, мозочен удар, срцева слабост. Штетните честички, најголемата еколошка и здравствена закана – едногласни се истражувањата.

Со ниво над максимално дозволените граници, Скопје сè уште се гуши во магла и смог, што дополнително ја зголемуваат концентрацијата на штетни честички. Енормното загадување и во пелагонискиот, полошкиот регион. Според експертите постои поврзаност помеѓу густата магла и загадениот воздух.

„Средно Водно надолу е цело со магла, температурна инверзија, при што нема движење за да дојде до разредување на маглата. Од друга страна, изворите на загадување во скопската и другите котлини, влијаат врз густината на маглата“, вели Пеце Ристевски, климатолог.

Маглата по котлините стана сериозен проблем откако се зголеми и нивото на загадување од загревањето на домовите, индустријата и сообраќајот. Решавањето на овој проблем бара континуирани стратегии и проекти. Климатските промени тешко се контролираат, велат експертите.

Марија Котовска