Бочварски: Годинава ќе изградиме преку 110 километри автопатишта
Започнуваме со инфраструктурни проекти, какви што немало во историјата на независна Македонија, посочи министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Најави изградба на 110 километри автопатишта...

Месецов треба да заврши постапката за избор на консултант и надзорен орган, кој ќе ја следи изградбата на автопатиштата. Очекувањето на министерот Бочварски, е градежните активности да започнат напролет. Се надева дека процесот на експропријација ќе тече без поголеми тешкотии.
Бочварски денеска ја посети Општина Желино, од каде и официјално соопшти дека Владата одвоила пари за патот до Луковица, единственото село во западна Македонија до кое нема асфалтирана делница.
Градоначалникот Блерим Сејдиу, изјави дека средствата нема да бидат доволни за целосно асфалтирање на шест километарскиот пат, но се надева дека Владата ќе продолжи да помага, оти општината е во финансиски тешкотии.
Министерот Бочварски посочи дека проектот за обиколница за Тетово и при крај, а Владата е во координација и со Република Косово во врска со реализацијата на проектот пат Тетово – Призрен.
Зоран Димовски
