Велес

Комбе кое превезувало патници, удрено на железнички премин од возило на МЖ

05.01.2023 16:40

На обезбеден железнички премин со сообраќајна сигнализација, патничко комбе кое превезувало патници на линијата Велес-Мелница, удрено од дресина. Повредени се 12 лица, меѓу нив и две деца. Сите минале со полесни телесни повреди …

Патничко комбе, денес околу пладне било удрено од железничко товарно возило дресина, на железничкиот патен премин Порцеланка, близу Велес на патот кон Чашка. Во несреќата повредени се 12 лица, од кои две се деца. Со три екипи и возила на Итната помош пренесени во Велешка болница. Минале со лесни повреди.

Според полицијата која изврши увид на местото на несреќата, во неа учествувало такси возило – комбе „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на такси компанија од Чашка, а управувано од Д.Ј.(52) од Чашка. Комбето сообраќало на линијата Велес-Мелница, од каде се и повеќето од 12 повредени.

Сообраќајната несреќа се случила на обезбеден железнички премин, означен со хоризонтална сигнализација и сообраќаен знак „Андреин крст“. Машиновозачот на дресината објаснува дека кочел, но не можел да се избегне ударот, во задниот лев дел од комбито.

На местото на сообраќајката извршен е увид од страна на екипа на СВР Велес.

Петар Печков