Меѓународната елита:Лидерите на политичките партии да се ангажираат во реформите
Шефот на делегацијта на Европската Унија во Македонија Аиво Орав денеска рече дека е во комуникација со сите политички чинители, за да нема никакви последици на интегративниот процес на Македонија по одлуката на опзициската СДСМ да не ги признае резултатите од предвремените парламентарни и претседателски избори. Тој во оценка даде генерална изјава на прес- конференцијата која што беше инаку по друг повод, по повод 9-ти Мај денот на Европа.

Извештајот на ОБСЕ и ОДИХР е исто така и извештај на Европската Унија, го проучуваме внимателно и ја следиме состојбата одблиску и најверојатно ќе има и други коментари што ќе следат понатаму, вчера имавме заедничка изјава со американската амбасада и нашата позиција е јасно искажана во неа. Она што беше наведено во вчерашната заедничка изјава на претставниците на Соединетите Американски Држави и на Европската Унија е што беше оддадено признание на граѓаните на Македонија за тоа што го искористиле своето право на глас на изобрите, натаму во изјавата стоеше дека ја споделуваат оценката на ОБСЕ и ОДИХР која што се однесува на ефикасното спроведување на изборите но исто така велат и забелешките што биле изразени во таа оценка на ОБСЕ и ОДИХР кои според нив се случени на оние од 2011 -та и 2013 -та година а се однесуваат на пристрасно покривање на медиумите и на непостоење на разграничување на државните од партиските активности.
Во изјавата на крајот се заклучува дека ги повикуваат сите лидери на политичките партии конструктивно да се ангажираат во реформите кои ќе го унапредат процесот на евро-атлантската интеграција на земјата. Европската Унија и Соединетите Американски Држави остануваат партнери на земјата во тие напори напишаа во вчерашната заедничка изјава.
Душко Арсовски
