Тренчевска и децата од групните домови „25 Мај“ и корисниците на Заводот за рехабилитација-Топанско поле, подготвуваа бадникова трпеза
Во пресрет на големиот христијански празник Бадник, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска ги посети децата од групните домови при ЈУ „25 Мај“ и корисниците од ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци – Топанско поле...
Во пресрет на големиот христијански празник Бадник, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска ги посети децата од групните домови при ЈУ „25 Мај“ и корисниците од ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци – Топанско поле.
Заедно со децата во еден од групните домови при ЈУ „25 Мај“, подготвуваа бадникова трпеза. Подготовката на празничната трпеза се состоеше од бадниково лепче со паричка, сарми, грав, колачиња и други посни јадења карактеристични за овој празник.
Министерката Тренчевска денеска ја предаде донацијата од два телевизори за групните домови, обезбедени преку соработката на министерството и општествено одговорната компанија Жикол.
Истовремено беа разменети и други подароци во знак на празниците.
Бадникова трпеза се подготвуваше и со корисниците од Заводот за рехабилитација на деца и младинци-Топанско поле. Притоа, секој од нив беше вклучен во подготовка на храната за Бадник. Традиционално се кршеше и лепче со паричка, пропратено со песна и музика во изведба на корисниците и вработените.
Искрените насмевки, прегратки и позитивната атмосфера се потврда дека социјалната реформа дава резултати. Децата и лицата со попреченост се дел од нашето општество и колку повеќе ги вклучуваме во секојдневието, толку поголеми придобивки ќе има целото општество.
Продолжуваме посветено да работиме на каузата – едно општество за сите!
