Руско-Украински конфликт

Путин нареди прекин на огнот за Божиќ

05.01.2023 17:33

Рускиот претседател Владимир Путин им нареди на руските војници да го прекинат огнот и да одржат божиќно примирје во Украина од 6 до 7 јануари со цел да се одбележи Божиќ, кој православните христијани го слават во сабота, се наведува во соопштението на Кремљ...

Рускиот претседател Владимир Путин им нареди на руските војници да го прекинат огнот и да одржат божиќно примирје во Украина од 6 до 7 јануари со цел да се одбележи Божиќ, кој православните христијани го слават во сабота, се наведува во соопштението на Кремљ.

Во неговата наредба, објавена на веб-страницата на Кремљ, Путин соопшти дека прекинот на огнот ќе започне напладне на 6 јануари и ќе трае до полноќ на 7 јануари