Празник
Бадникови поворки после двегодишна пандемска пауза
06.01.2023 09:49
Денеска во вкупно 62 градови и населени места во нашата земја, илјадници деца чекорат во бадниковите поворки на радоста и пеејќи ја ангелската песна „Вечниот Бог“ го најавуваат Христовото раѓање.

После двегодишна пандемска пауза, денеска во вкупно 62 градови и населени места во нашата земја, илјадници деца чекорат во бадниковите поворки на радоста и пеејќи ја ангелската песна „Вечниот Бог“ го најавуваат Христовото раѓање.
Бадникова манифестација во Скопје почнува во 11 часот со мал празничен концерт на градскиот плоштад.
