Состојбата во Укрaина се заострува

30.04.2014 20:39

Укаринскиот претседател Олександар Турчинов упати остри критики до регионалната власт која не ги контролира сопствените полициски сили.

Во Источна Укрaина падна уште еден град во рацете на сепаратистите - Луганск. 

„Зградата што ја зазедовме, не не интересира, но ние сакаме да имаме наши регионални пратеници и наша власт“, вели еден демонстрант.

Укаринскиот претседател Олександар Турчинов упати остри критики до регионалната власт која не ги контролира сопствените полициски сили.

„Состојбата се повеке се комплицира, поради неефикасност, беспомошност, но поради криминалното предавство на силите што дополнително ја отежнуваат сотојбата“, изјави Олександар Турчинов, претседател на Украина.

Киев тврди дека русите ништо не направија кога е во прашање договрот од Женева за смирување на сотојбата.

„Русија бара нови начини да го дестабилизира регионот. И кога ќе кажат дека ние употребуваме сила против мирољубивата украинска популација, тоа е голема лага“, смета Јуриј Серегејев, амбасадор на Украина во ОН.

Од Доњецк пак нема ништо ново околу ослободувањето на претсавниците на ОБСЕ.

Што се однесува за набљудувачите на ОБСЕ, ние правиме се, тие да се ослободат но  нив ги покани Киев и тој е одговорен за нивната безбедност. Како можат да се испратат  луѓе без документи во област која што е под контрола на самоодбрамбени сили.

Западот останува на ставот дека Москва, не сака да ја остави Украина на мира,  и поради инволвираноста во кризата, презеде мерки против Русија.

„Видовме дека Украина покажа добра воља за спроведување на договорот, но по 17 април руската страна не ги осуди најновите насилства, нити упати повик да се напуштат јавните згради“, изјави Жерард Арауд.

Москва пак вели дека доколку се продолжи со нови санкции, Кремаљ соодветно ќе одговори.

„За сега несакавме да реагираме но ако со продолжат санкциите секако дека ке размислиме за тоа како работат странските фирми во клучните сектори, вклучувајки го и енергетскиот“, изјави Владимир Путин.

Путин најави дека заедно со премиерот Медведев, планира да го посети Крим, и дека ке присуствува на воената смотра по повод денот на победата, каде што во Севпстопљ е сместена руската Црноморска флота.

Мирјана Василева