Воен конфликт

Украина ја отфрли најавата на Путин за прекин на огнот

06.01.2023 10:09

Официјални лица на Украина претходно изјавија дека секој руски повик за прекин на огнот би бил обид на Москва да обезбеди одреден одмор за своите војници, кои Украина се обидува да ги избрка од територијата.

Украина ја отфрли најавата на рускиот претседател Путин за 36-часовен прекин на огнот за Божиќ. Според Зеленски, нема да има примирје додека Русија не ги повлече своите инвазивни сили од окупираната земја.

Кремљ соопшти дека Путин наредил прекин на огнот по повикот за Божиќно примирје на поглаварот на Руската православна црква патријархот Кирил.

Официјални лица на Украина претходно изјавија дека секој руски повик за прекин на огнот би бил обид на Москва да обезбеди одреден одмор за своите војници, кои Украина се обидува да ги избрка од територијата.

Претходно, Русија и Украина јасно ставија до знаење дека нема да има мировни преговори меѓу нив во скоро време.