Здравје

Сувото овошје и неговото значење

06.01.2023 10:16

Во бројни истражувања откриено е дека сувото овошје се одликува со карактеристики кои можат позитивно да делуваат на здравите луѓе.

Сувото овошје има големи предности во нашата исхрана. Тоа преставува исклучителен извор на енергија, која на телото секогаш му е потребна. Сувото овошје може да се подели во две групи- месасто и суво овошје. Доколку внатрешниот дел е сочен како и надворешниот кога овошјето е зрело, таквото овошје се става во групата на месасто и свежо овошје.

Во бројни истражувања откриено е дека сувото овошје се одликува со карактеристики кои можат позитивно да делуваат на здравите луѓе.

Освен тоа, исклучително е богато со хранливи материи и преставува добар енергетски извор. Со еден збор, сувото овошје преставува природа во мало.

За да се одржи доброто здравје неопходно е да се придржуваме на одредени правила кои вклучуваат здрава исхрана, редовно спортување, пешачење.

Сувото овошје во себе содржи голема количина важни хранливи состојки.

Само сувото овошје е природен и богат извор на минерали, витамини и ензими. Лесно се вари и има голем удел во прочистувањето на крвта, како и на целиот систем за варење. Значи, предностите се повеќекратни.

Оние кои консумираат секојдневно суво овошје имаат добро здравје. Уште една позитивна страна на сувото овошје е тоа што може да се употреби при лечење на заболувања чија главна причина е внесување на неприродна и обработена храна.

И покрај својата минијатурност, оревите и сувото грозје, не снабдуваат со голема количина енергија.

Сувото грозје, односно „смалена“ верзија на свежото грозје се препорачува поради исклучително големата хранлива вредност, го забрзува опоравувањето од некои заболувања, а помага и при состојби на голема исцрпеност, преоптеретеност како и при проблеми со системот за варење.

Урмите преставуваат многу хранливо овошје. Содржат природен шекер во облик на глукоза и фруктоза. Сомелените суви урми потопени во вода во која стоеле цела ноќ се добар лек за да се зајакне срцето и неговите витални функции.

 

Катерина Стојановска Десковска