Републиканците сè уште не избраа претседател на Претставничкиот дом
Фаворитот за наследник на демократката Ненси Пелоси, републиканецот Кевин Меккартни, им подаде рака на помирување на дваесеттината пратеници кои ја предизвикаа блокадата, понудувајќи им значајни отстапки, но и тоа беше залудно.

Три дена, 11 гласања, Републиканците сè уште не избраа претседател на Претставничкиот дом на Конгресот.
Фаворитот за наследник на демократката Ненси Пелоси, републиканецот Кевин Меккартни, им подаде рака на помирување на дваесеттината пратеници кои ја предизвикаа блокадата, понудувајќи им значајни отстапки, но и тоа беше залудно.
Изборот на претседател на Претставничкиот дом вообичаено е само прашање на часови, но имало и случаи да се протегне на повеќе седмици, како во 1856 година кога пратениците постигнале договор дури по два месеца и 133 круга на гласање.
