Празник

Продолжува бадниковата традиција во Скопје

06.01.2023 12:29

Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје пречекани овогодишните кумови и здравичарот. Со топла ракија, осветени бадникови гранчиња, граѓаните си посакаа здравје и бериќет…

Подигнато бадниковото знаме, осветени бадниковите гранчиња, предадено кумството. Традицијата е жива. Три децении прослава на Бадник пред Соборниот храм во Скопје, каде што имаше врвулица од народ.

Новите кумови, Мојсо Мојсовски и Марко Илковски помладиот го примија бадникарскиот ќуп и ја добија големата чест. На ланските кумови, актерот Драган Спасовски – Дац и музичарот Александар Митевски, 2022 им донела голема среќа.

Со желби за здравје, радост и духовен мир, и заложба традицијата да продолжи да се одржува, градоначалниците на Скопје и на Општина Центар на граѓаните им ги честитаа празниците.

Александра Максимовска