Празник
Стотици деца и верници дел од бадниковите поворки
06.01.2023 14:40
Стотици дечиња и верници се приклучија на бадниковите поворки организирани во повеќе градови во земјава. Пеејќи ја коледарската песна „Вечниот Бог“, ја најавија најрадосната вест за рождеството Христово …

Стотици деца беа дел од бадниковата поворка во Скопје. Пеејќи ја ангелската песна „Вечниот Бог“ го најавија Христовото раѓање.
Традицијата од година в година станува сè помасовна и ги надминува очекувањата на организаторите.
Од градскиот плоштад на кој се одржа концерт со македонски музички ѕвезди, преку Камениот мост се упатија кон Соборниот храм, каде на дечињата им беа поделени пакетчиња, а потоа добија благослов од поглаварот г.г. Стефан.
Марина Стојанова Тонева
