Минатата година катастрофална за судството, довербата на граѓаните двојно пониска
Надлежните не губат надеж, велат дека поголема отчетност и транспарентност на судовите ќе се обезбеди со дигитализацијата. Во земјава од 186 судници низ 34 судови, за една година целосно дигитализирани пет, двата основни суда во Скопје, кривичен и граѓански, и во Штип, Струмица и Кавадарци со поддршка на Мисијата на ОБСЕ.

2022-ра, лоша година за македонското правосудство. Довербата од граѓаните двојно пониска од претходната со близу четири проценти. Амбасадори збунети од изборите за обвинител клучен за борба со корупцијата, претседателка на совет даде оставка со обвинување дека против неа се води хајка од судско-бизнис елита, на нејзина позиција дојде стручен соработник, судир меѓу првите луѓе на Финансиска полиција и Обвинителството за гонење организиран криминал, процесот за прислушкување вратен на повторно одлучување. Но, маките се уште поголеми.
Судовите се соочуваат со дефицит на кадар, а тој што го имаат тешко го обучуваат.
„Информатичкиот кадар во судот е дефицитарен и е потребно повеќе средства и отворање на нови позиции, за што, веќе сме се обратиле до надлежните институции“, велат од Основен кривичен суд – Скопје.
Надлежните не губат надеж, велат дека поголема отчетност и транспарентност на судовите ќе се обезбеди со дигитализацијата. Во земјава од 186 судници низ 34 судови, за една година целосно дигитализирани пет, двата основни суда во Скопје, кривичен и граѓански, и во Штип, Струмица и Кавадарци со поддршка на Мисијата на ОБСЕ.
„Согласно динамиката за дигитализација во судовите, 90 милиони денари биле потрошени за набавка на нови сервери за сите 34 судови и Судскиот совет, а со 20 милиони денари е направена групна јавна набавка на компјутери, принтери и скенери за сите 34 судови и за Судскиот совет“ – велат од Министерство за правда.
Во вакви услови, за в понеделник е закажано судењето за „Титаник 1“ предмет од висока корупција за кој има голем јавен интерес.
Фиљана Кока
