Македонија

Божиќна хуманитарна акција во Битола

06.01.2023 12:56

Во дворот на соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“, во Битола организирана хуманитарна акција. Средствата наменети за најсиромашните, да можат и тие достоинствено да ги одбележат божиќните празници…

Под мотото „Да ги стоплиме срцата и на нашите најсиромашни сограѓани“, битолчани ја искористија можноста да даруваат прехранбени продукти за и најсиромашните достоинствено ги одбележат божиќните празници. Поклонувајќи се пред пештерата и дарувајќи го богомладенецот, да покажат како преку хуманоста треба да се почитува една од божјите заповеди.

Акција е резултат на сплотеноста помеѓу здружението за бадникови поворки и хуманитарната организација „Утешител“.

Додека возрасните донираа, низ најамбиенталната битолска улица одекнуваше песната на најмладите од бадниковата поворка. Во Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“, беа пречекани и дарувани од митрополитот г. Петар. И пораката на најмладите во знакот на хуманоста.

Кога пораката излегува од устите на најчистите души, таа уште повеќе добива на вредност.

Стевче Митревски