Богата традиција за Бадник во Прилеп
Бадниковата поворка и детската ангелска песна и во Прилеп ги разнежни прилепчани кои за Бадник и во тешки времиња ја одржуваат богатата традиција за бадниковата трпеза. Срцето е исполнето кога целото семејство е заедно...

Бадникова поворка и богати обичаи за Бадник. Прилеп го прославува Бадник, навестувањето на Христовото раѓање. Стотина дечиња од 4 до 13 години со песна и несмалена радост го најавија Божиќ.
И во тешките и скапи времиња уште повеќе се негувуваат богатите обичаи за Бадник. Посилни се желбите за заедништвото и годината да биде побогата и посигурна.
Неизмерна е потребата семејството да биде заедно. Уште повеќе по години отсуство на децата.
На Божик по 17-ти пат, 500 деца од земјава ќе седнат на заедничка трпеза.
Елизабета Митреска
