Не мирува оружјето во Украина
Москва објави божиќно примирје, Зеленски го отфрли повикот на Путин за прекин на огнот и обвини дека Русија сака да ја искористи ситуацијата и да донесе повеќе луѓе и опрема за да го запре напредувањето на нивните војници. Украинците гранатираа, русите возвраќаа...

Не мирува оружјето во Украина и покрај најавеното божиќно примирје. Гранатиран Доњецк, без знаци дека ќе се почитува наредбата за 36-часовен прекин што ја донесе рускиот претседател Путин. Според украинскиот претседател, Русите сакаат да го искористат Божик како покритие за да го спречат напредувањето на украинската војска во Донбас.
„Сега Русите сакаат да го искористат Божиќ за да го запрат напредувањето на нашите момци во Донбас на некое време и да донесат опрема, муниција и мобилизирани луѓе поблиску до нашите позиции. Што ќе даде тоа? Само уште едно зголемување на загубите“, изјави Зеленски.
Божикното примирје е лицемерно, а единствениот начин да се врати мирот е Русија да ги повлече трупите од Украина, тврди Западот...Рускиот претседател Путин се обидува да здивне со воспоставување на 36-часовен прекин на огнот, изјави американскиот претседател Бајден..
„Не сакам да одговарам на се што и да каже Путин... Тој беше подготвен да бомбардира болници, домови за стари лица и цркви на 25 декемви и за Нова Година... Мислам дека се обидува малку да здивне“, рече американскиот претседател Бајден.
Пред Божик, претставници на Москва го посетија разурнатиот Мариупол, кој сега е под руска контрола. Ветија обнова на градот и на објектите од значење за руските региони, меѓу кои и на фабриката „Азовстал“.
„Донбас е навикнат да им помага на другите региони. Со поддршката што сега е достапна, можно е да се обноват оние претпријатија кои ќе бидат барани и корисни за регионите на Русија“, нагласи Денис Пушилин, шеф на самопрогласената Доњецка Народна Република.
Во меѓувреме, објавени се сателитски снимки на кои се гледа уништување на градот Бахмут во источна Украина по неколкумесечно руско бомбардирање.
Маријана Димовска
