Премиерот им посака триумфален викенд на ракометарките на Вардар
Во пријатна атмосфера, премиерот на Република Македонија, Никола Груевски денеска им посака шампионски викенд на ракометарките на Жрк Вардар на историскиот прв завршен турнир на четирите најдобри екипи во Европа во Будимпешта.

На последниот тренинг на вардарки во СЦБТ, пред заминувањето за Унгарија, Премиерот ги испрати избраничките на Индира Кастратовиќ со желба за повторување на успехот на Кометал Ѓорче Петров и претставувавње на ракометна Македонија во најдобро можно светло.
Можеме само да претпоставуваме што ќе се случува на плоштадот Македонија и крај Триумфалната порта, ако Вардар успее да се искачи на европскиот ракометен врв.
Груевски ги охрабри нашите девојки и посочи дека каков и да е расплетот во Будимпешта, тие се гордост на Македонија и уште сега мораме да бидеме задоволни од најуспешната ракометна сезона во нашата земја.
