Приватните доктори и стоматолози добија повисока капитација
Фондот за здравство ја покачи вредноста на капитацискиот бод на приватните доктори и стоматолози. Таа ќе им биде исплатена дури во април. Следна цел на приватните доктори е пациентите да бидат запишани на амбуланта, а не на доктор …

Од почетокот на годинава приватните доктори имаат повисок капитациски бод, кој од 63 денари скокна на 75. Ова е одлука на Фондот за здравство со важност од први јануари. Повисока вредност има и капитацијата за приватните стоматолози тие ќе добиваат 61 денар по пациент. Со ова барањата на приватни доктори и стоматолози, после повеќе години се исполнети.
Една битка приватните доктори добија, но тие се насочуваат на нова, промена на Законот за здравствена заштита, на ставот со кој пациентите ќе бидат запишани на амбуланта а не на доктор. Приватните стоматолози пак и натаму бараат промена на партиципација на услугите, кои не биле променети од 2008-ма, вадење на заб, пломбирање.
Приватните доктори пред Бадник ја добија капитацијата за месец октомври а првата нова повисока, јануарска ќе ја добијат во април. Во Македонија има 1.436 приватни амбуланти, 124 се гинеколози, 126 се интернисти.
Петар Печков
