Празник
Божиќен ручек за 500 деца во Прилеп
07.01.2023 14:37
По 17-ти пат во Прилеп се одржа традиционалниот божиќен ручек. На заедничка трпеза седнаа околу 500 деца од повеќе краишта на земјава со една порака-среќна и безгрижна насмевка на секое детско лице …
Околу 500 деца без родители, од згрижувачки семејства, без разлика на вероисповедта, на најрадосниот празник седнаа на заедничка, традиционална божиќна трпеза. Ги испратија и желбите и насмевките. Божиќ е совршен со детската среќа.
На божиќниот ручек беше испратена традиционалната порака за едно небо за сите деца.
Елизабета Митреска
