Здравство

Расте бројот на заболени од грип

08.01.2023 10:02

По празничните собири ординациите се полни со пациенти кои се жалат на малаксаност, болки во грлото и температура. Сезонскиот вирус не бира возраст...

Расте бројот на заболени од грип. По празничните собири ординациите се полни со пациенти кои се жалат на малаксаност, болки во грлото и температура.

Сезонскиот вирус не бира возраст. Педијатрите велат дека дневно имаат и над 150 прегледи. Дел завршуваат во болницата „Козле“. Има и на кислородна поддршка. Се полнат и инфективните одделенија во болниците.

Грипот е речиси изедначен со респираторниот вирус-предупредуваат докторите. Дополнително ситуацијата ја влошува и загадениот воздух.

Институтот за јавно здравје во последниот извештај објави дека за 96 проценти има раст на бројот на заразени. Лекарската фела смирува-состојбата со болни е вообичаена за зимскиот период.