Македонија

МВР: Приведен криумчар, пронајдени осум мигранти

08.01.2023 10:21

При контрола на патничко возило „мазда 6“, со германски регистарски ознаки, кое тој го управувал, во возилото се затекнати 8 лица - мигранти од кои пет од Сирија, две од Авганистан и едно од Пакистан.

Денеска околу 01.15 часот, на место викано „Македонија пат“на излезот од Гевгелија, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ лишен е од слобода М.К.(42) од Кавадарци.

При контрола на патничко возило „мазда 6“, со германски регистарски ознаки, кое тој го управувал, во возилото се затекнати 8 лица - мигранти од кои пет од Сирија, две од Авганистан и едно од Пакистан.

М.К. е приведен во полициска станица и во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.