Политика

Рама во Тирана ќе ги собере лидерите на албанските партии од Македонија

08.01.2023 10:26

Албанските медиуми пренесоа дека ќе се разговара за политичките случувања во земјава и за други, актуелни прашања во регионот. Дел од партиите за МТВ ја потврдија информацијата.

Лидерите на македонските партии од албанскиот кампус добиле покана за средба со албанскиот премиер Еди Рама. Информацијата ја објавија тамошните медиуми, кои велат дека на состанокот, закажан за вторник во Тирана, се поканети првиот човек на ДУИ, Ахмети, претседателот на Алијансата, Таравари, на Беса, Касами, на Алтернатива, Гаши, како и првиот човек на ДПА, Тачи.

Албанските медиуми пренесоа дека ќе се разговара за политичките случувања во земјава и за други, актуелни прашања во регионот. Дел од партиите за МТВ ја потврдија информацијата.

Вицепремиерот Груби вели дека станува збор за празничен вечерен прием и коктел, а не за работен состанок со некаква утврдена агенда. Тој потврди дека интегративците ќе учествуваат на средбата.