Македонија

Здрженијата на слепи лица бараат употреба на брајово писмо во јавните институции

08.01.2023 10:31

Мал е фондот на книги испечатени со брајово писмо, а нема ниту една јавна институција која печати документи со ова писмо кое е единствен начин за комуникација со слепите лица. За сега брајовото писмо е застапено само на банкоматите и на дел од лековите, заради што Здруженијата на слепи лица бараат негова поширока употреба...

Шесте точки од брајовото писмо им отвора цел еден свет на лицата со оштетен вид. Тоа е наша основна алатка за читање и пишување и предуслов за поголема вклученост во општеството, вели Драги Витанов, претседател на Здружението на слепи лица во Штип.

Ова писмо го има на банкоматите и дел од лековите, но здруженијата на слепи бараат да биде позастапено во јавните институции, кои по примерот на соседните држави треба да издаваат даночни решенија, судски одлуки и комунални сметки за слепите.

Брајовото писмо се изучува единствено во Училиштето за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје, и се смета дека го користат четвртина од околу 2.500 лица со оштетен вид во државата. Книгите со брајово писмо ги има само во неколку библиотеки.

Развојот на модерната технологија ја приближи литературата до лицата со оштетен вид со аудио книгите, а синтетизаторите на говор и читачите на екран им овозможуваат активно користење на компјутерите.

Славица Величковска