Воен конфликт

Продолжуваат нападите, воздушна тревога во неколку региони во Украина

08.01.2023 10:35

Пријавени се напади врз цивили во најмалку седум региони во источна и јужна Украина, при што загинаа најмалку три лица, има и повредени.

Воздушна тревога во неколку региони во Украина. По полноќ прогласена е тревога во регионите Харков и Запорожје. Најжестоките битки сè уште се водат за Бахмут и Соледар. И покрај еднострано 36-часовно примирје, руските сили продолжија со гранатирањата и во изминатите 24 часа.

Пријавени се напади врз цивили во најмалку седум региони во источна и јужна Украина, при што загинаа најмалку три лица, има и повредени.

Украинскиот претседател Зеленски ги пофали САД што ги вклучиле таканаречените „убијци на тенкови“ во најновиот пакет нова американска воена помош во износ од 3,75 милијарди долари.

Станува збор за борбените машини „Бредли“, кои за прв пат ќе и бидат доставени на Украина.