Хуманитарна акција

Пакети за социјално загрозени граѓани од Куманово и Старо Нагоричане

08.01.2023 10:42

Пакети по повод големиот христијански празник добија социјално загрозени граѓани од Куманово и Старо Нагоричане. Хуманитарното здружение „Крепост“ повикува да се негуваат православните вредности и граѓаните да бидат хумани...

Пакети по повод големиот христијански празник Божиќ, добија ранливи категории семејства од Куманово и Старо Нагоричане. Членови на хуманитарното здружение „Крепост“ и годинава заедно со донатори, компании и семејства, собираа донации. Поделени се педесетина пакети во двете општини во североистокот.

„Подготвивме традиционална бадникова трпеза, сè што е потребно да го прославиме Христовото раѓање, обезбедивме гравче, зелка, ориз, хемиски производи, шеќер, сол, зејтин. Крепост е тука во Куманово, организација која во духот на православието ја негува традицијата да помагаме на сиромашните“, изјави Христијан Георгиевски, претседател на хуманитарна организација „Крепост“ Куманово.

Здружението кое ги негува православните вредности, со години помага на сиромашните и болните сограѓани. Донации се доделуваат на месечно ниво, но и за позначајните празници. Нивната порака е да практикува православието во хумана мисија.

Елена Георгиевска