Празник

Се празнува втор ден Божиќ – Собор на Пресвета Богородица

08.01.2023 12:13

Денеска е вториот ден од Божиќ, кога христијанската црква и оддава слава на пресветата божја мајка. Ова празнување се нарекува нејзин собор, затоа што на тој ден се собираат сите верни за да ја прослават Богородица. И утрово храмовите полни. Во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје се одржа литургија, со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан…

Втор ден Божиќ. Празнувањето на рождеството Христово и утрово ги наполни храмовите во земјава. Верниците со свеќа в рака се помолија за здравје, среќа и бериќет.

Со утринска литургија во црквата „Мала Богородица“ чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан. Христијанската црква ѝ оддава слава на пресветата мајка божја, родилка на Господ и спасителот Исус Христос. Ова празнување се нарекува нејзин собор затоа што на овој ден се собираат сите верни за да ја прослават Богородица. Граѓаните си посакаа мир и здравје.

Топли прегратки, убави мисли и зборови. Божиќ длабоко во себе ја носи вредноста на семејната традиција да се биде со саканите, но и да се испратат пораки за заемна почит, разбирање и солидарност.

Александра Спировска