Политика

Советникот во Стејт Департментот, Шоле во посета на Македонија, Косово и Србија

08.01.2023 15:24

Како што соопштија од Стејт Департментот, целта е да се потврди посветеноста на САД кон мирот, стабилноста и просперитетот на Западен Балкан.

Советникот во американскиот Стејт Департмент, Дерек Шоле од 11-ти до 13-ти јануари ќе биде во посета на земјава, на Косово и на Србија.

Како што соопштија од Стејт Департментот, целта е да се потврди посветеноста на САД кон мирот, стабилноста и просперитетот на Западен Балкан.

Шоле во Скопје со посебна делегација ќе биде в среда, на 11-ти јануари, кога со македонскиот државен врв ќе разговора за енергетиката, економијата, но и за борбата против корупцијата, по што ќе отпатува за Приштина, а потоа и за Белград.

Тој деновиве во интервју за „Гласот на Америка“, токму корупцијата ја посочи како главен предизвик за регионов.