Македонија

Продолжува притисокот од мигрантската криза

08.01.2023 16:02

Уапсен 42-годишен криумчар на мигранти од Кавадарци. Полицијата во неговиот автомобил открила осуммина мигранти од Сирија, Авганистан и од Пакистан. Од МВР велат дека само лани се спречени над 26 илјади обиди за илегален премин на нашата територија. Најголемиот удар е на јужната граница…

Мигрантската криза притиска и во новата година. Кај Гевгелија е уапсен 42-годишен кавадарчанец кој се обидел да криумчари осум мигранти од југот кон северната граница. Во возилото со германски регистарски таблички се затекнати државјани од Сирија, Авганистан и Пакистан. МВР будно ја следи ситуацијата.

Од МВР велат дека лани за 28 проценти е зголемена успешноста на граничната полиција во спречувањето на обидите за илегален премин преку границите. Спречени се над 26 илјади обиди – најголемиот дел на јужната граница. Сирија, Пакистан и Мароко се земјите од каде што најчесто доаѓаат мигранти.

На пет дена пред Нова година, Собранието ја продолжи кризната состојба на дел од територијата на државата, заради висок ризик од влез и транзит на мигранти, но и за заштита на јавното здравје во време на пандемија.

Александра Максимовска