Стартува 49 Европско првенство во Тампере, Македонија со 17 каратисти
Со денешните прелиминарни натпревари во поединечна конкуренција, денес во спортската сала “Хакаметса“ во Тампере почнува 49 Европско првенство во карате, со учество на околу 500 каратисти од 45 земји. Македонија има бројна екипа од 17 натпреварувачи, кои ќе не претставуваат и во кати и во борби, и поединечно и во екипните настапи, кои ќе се борат за продолжување на успешните настапи на континенталните шампионати.

Со денешните прелиминарни натпревари во поединечна конкуренција, денес во спортската сала “Хакаметса“ во Тампере почнува 49 Европско првенство во карате, со учество на околу 500 каратисти од 45 земји. Македонија има бројна екипа од 17 натпреварувачи, кои ќе не претставуваат и во кати и во борби, и поединечно и во екипните настапи, кои ќе се борат за продолжување на успешните настапи на континенталните шампионати. На претходното ЕП во Будимпешта, Берат Јакупи освои бронза, а нашите каратисти обезбедија и две петти и три пласмани на седмото место.
Според ждрепката, прва настапува Пулексенија Јованоска во кати индивидуално, која во првото коло ќе се соочи со Валери Вил од Швајцарија, а Фери Исиќ со домашниот натпреварувач Паси Хирвонен. Во борби во машка конкуренција Емил Павлов во категорија -60 килограми за противник го има Един Муслиќ од Босна и Херцеговина. Првата пречка за Дејан Црничиќ во категорија -67 кг е Германецеот Рикардо Гајглер, Ферат Корбулиќи во категорија -75 кг ќе се бори со Мурат Сахин од Швајцарија, во категорија -84 кг Берат Јакупи ги почнува мечевите против Маестри Нело од Италија, и во најтешката +84 кг Симон Антиќ стартува против Словенецот Себастијан Будиња.
Во женска конкуренција, Сара Радичевска во категорија -50 кг ќе се бори со Акдак Гулса од Шведска, во -55 кг Симона Заборска во првото коло е слободна, а во второто ја очекува подобрата од дуелот меѓу Ковачевиќ од Хрватска и Алстасетер од Норвешка. Во -61 кг Наташа Стефановска ќе се бори со Марија Сусак од БиХ, во -68 кг Моника Стефановска против Викторија Резајева од Летонија, и во категорија +68 кг Климентина Војдиновска ќе стартува од второто коло, каде што исто така почнува и Тамара Филиповиќ од Србија.
