Временска прогноза

Магловито со повремени попладневни врнежи

09.01.2023 08:12

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец...

Времето денеска ќе биде претежно облачно. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Попладне ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од-6 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла, кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до-2, а максималната ќе достигне до 5 степени.