Лула да Силва се врати во Бразилија
Претседателот Лула да Силва кој е на функцијата само една недела, од Сао Паоло изјави дека неговиот претходник од екстремната десница „ги охрабрувал фашистичките вандали“ да ги нападнат властите во Бразилија...

Бразилскиот претседател Лула да Силва се врати во Бразилија и ги посети претседателската палата и Врховниот суд во кои претходно упаднаа приврзаниците на поранешниот шеф на државата Болсонаро. Претседателот Лула да Силва кој е на функцијата само една недела, од Сао Паоло изјави дека неговиот претходник од екстремната десница „ги охрабрувал фашистичките вандали“ да ги нападнат властите во Бразилија.
Стотици приврзаници на Болсонаро упаднаа во зградите на главните институции на власта во Бразилија – Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата.
