Украина

Столтенберг повика на поголема поддршка за Украина

09.01.2023 09:38

Предупреди дека потценувањето на Русија може да доведе до „големи последици за безбедноста во нордискиот регион“...

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг повика на поголема поддршка за Украина и предупреди дека потценувањето на Русија може да доведе до „големи последици за безбедноста во нордискиот регион“. Столтенберг изрази уверување дека „наскоро ќе може да им приреди топло добредојде на Шведска и Финска“ во Алијансата.

На фронтот во Украина продолжуваат жестоките борби. Пријавени се напади врз цивили на истокот и на југот, има загинати и повредени. На удар повторно и Бахмут.