Мексико

Бајден во официјална посета на Мексико

09.01.2023 10:01

Бајден беше пречекан од неговиот мексикански колега Андрес Мануел Лопез Обрадор...

Американскиот претседател Џо Бајден ја почна првата официјална посета на Мексико по речиси две години на функцијата. Бајден беше пречекан од неговиот мексикански колега Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Тие имаат билатерална средба пред утрешниот северноамерикански совет во Мексико со канадскиот премиер Џастин Трудо.