Синдикатите во Македонија го одбележуваат 1 Мај

01.05.2014 09:39

Сојузот на синдикати на Македонија и годинава ќе ја продолжи праксата со кампањи за одредени области од заштитата на работничките права...

Синдикалното движење во Македонија денеска ќе се приклучи кон одбележувањето на 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот во чест и сеќавање на историската борба на работниците од целиот свет за унапредување на нивните права.
 
Сојузот на синдикати на Македонија и годинава ќе ја продолжи праксата со кампањи за одредени области од заштитата на работничките права да го одбележи Меѓународниот ден на трудот. Годинава кампањата е посветена на иницијативата за измени на Законот за здравје и безбедност на работа.
 
Ваквиот начин на одбележување, Сојузот на синдикати на Македонија го практикува од 2010 година кога започна со кампањата за зголемување на членството, а во изминатите години беа спроведени кампањи за  донесување закон за минимална плата, на закон за мобинг и за формирање на локални економско-социјални совети.