Чешка

Поранешниот чешки премиер Андреј Бабиш е ослободен од обвинението за измама со субвенциите од ЕУ

09.01.2023 13:26

Бабиш од самиот почеток на судскиот процес негираше какви било неправилности и злосторства...

Поранешниот чешки премиер Андреј Бабиш е ослободен од обвинението за измама со субвенциите од ЕУ.

Бабиш од самиот почеток на судскиот процес негираше какви било неправилности и злосторства, а во завршните зборови рече дека случајот е политички мотивиран.Се соочуваше со обвинение дека незаконски присвоил околу два милиона евра наменети за изградба на рекреативно-конгресен центар.

63-годишниот Бабиш со партијата „АНО“ се обидува да го замени претседателот Милош Земан, чиј мандат завршува во март. Бабиш, петтиот најбогат човек во земјата според листата на Форбс за 2021 година, е еден од фаворитите на изборите, чиј прв круг на гласање е на 13-ти и 14-ти јануари.