Македонија

Трет ден Божиќ, литургија во Св. Петка

09.01.2023 13:27

Православните христијани денеска на третиот ден од Божиќ го празнуваат Свети Стефан. Во црквата Света Петка се одржа утринска литургија со која чиноначалствуваше Архиепископот охридски и македонски г.г.Стефан...

На третиот ден од Божиќ, православните христијани го празнуваат свети Стефан, заштитникот на болните, сиромашните и старите.

Светиот првомаченик Стефан е еден од првите седум ѓакони ракоположени од светите апостоли и првиот маченик за Христа. На утринска литургија во црквата мала Богородица чиноначалствуваше поглаварот на македонската православна црква – охридска архиепископија г.г. Стефан, од каде се испратени пораки за мир и благосостојба.

Народот го празнува свети Стефан, сите песни верувања и обичаи што се изведуваат на овој ден се поврзани со Божиќ. Граѓаните со свеќата в рака, си посакаа здравје и бериќет.

Топли прегратки, убави мисли и зборови. Овие празници длабоко во себе ја носат вредноста на семејната традиција да се биде со саканите, но и да се испратат пораки за взаемна почит, разбирање и солидарност.

 

Александра Спировска