МЖТ
Патнички воз излетал од шините
09.01.2023 14:12
Еден од трите вагони на утринскиот патнички воз од Гевгелија за Скопје излета од шините кај Кадина река. Нема повредени патници.По неколкучасовниот прекин, железничкиот сообраќај повторно е воспоставен...

Машина и вагон испаднале од шините на крстосницата кај железничката станица Кадина река од левата страна на Вардар.
Возот сообраќал од Гевгелија кон Скопје. Повредени нема, а инцидентот настанал најверојатно поради технички причини, но официјални информации ќе има по истрагата, велат од Македонски железници - Транспорт.
Стручни тимови на Македонски железници ќе ја спроведат истрагата која ќе трае неколку денови. По неколкучасовниот застој железничкиот сообраќај на оваа пруга функционира нормално.
Марија Котовска
