САД бараат ефикасна борба со корупцијата
Справувањето со корупцијата во Македонија, приоритет за САД годинава. Официјален Вашингтон најави проширување на црната листа за санкционирање...

САД имаат план да ги реафирмираат заедничките приоритети како што е борбата против корупцијата. Тоа ќе остане приоритет за Вашингтон и ќе иницира неколку прашања за време на посетата на советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле, рече амбасадорката на САД во Македонија, Агелар.
Во однос на резултатите од истражувањето на американскиот тим кој пристигна во Скопје да истражува корупција, шефот на дипломатијата Османи посочи дека рамката, која што ги дефинира односите помеѓу САД и Македонија е стратешкиот дијалог и акцискиот план кој се очекува да биде усвоен од Владата во наредните денови.
Уставните измени ќе го отворат пристапниот пат кон ЕУ оценува американската амбасадорка во земјава. Посочи дека народните избраници треба да постапуваат во интерес на граѓаните и што е можно побрзо да ги направат сите можни измени.
„Знаеме дека ова се тешки одлуки, но ние поддржуваме сè што ќе ви овозможи придвижување кон евроинтеграциите“, рече Агелер.
Марина Стојанова Тонева
