Никола Попоски во Брисел

27.11.2013 13:57

Никола Попоски ќе оствари работна посета на европските институции – Европскиот Парламент и Европската Комисија - во Брисел

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски на 27 и 28 ноември 2013 година ќе оствари работна посета на европските институции – Европскиот Парламент и Европската Комисија - во Брисел.
Во Европскиот Парламент, министерот Попоски ќе има обраќање во Работната група за Западен Балкан на Комисијата за надворешни работи, како и одделни средби со европратеникот и известител за Македонија, Ричард Ховит и европратениците Едуард Кукан и Чарлс Танок, кои се известители во сенка за Македонија.
 
Во Европската Комисија, министерот Попоски ќе се сретне  со генералниот директор за проширување, Кристијан Даниелсон.
 
Во фокусот на разговорите се очекува да бидат актуелните прашања од европската агенда и пристапниот процес, а во контекст на Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија во 2013 година и нацрт-резолуцијата на Европскиот Парламент поднесена од известителот Ховит.
 
За време на работниот престој во Брисел, министерот Попоски ќе биде почесен гостин на приемот што ќе се одржи во организација на неформалната група на европратеници “Пријатели на Македонија“, предводена од европратеникот Мартин Кастлер, и Мисијата на Република Македонија при ЕУ.