Меркел исклучува воено решение за спорот околу Украина

01.05.2014 09:46

Меркел рече дека не треба да се заборават лекциите од двете светски војни во 20 век...

Германскиот канцелар Ангела Меркел отфрли синоќа можност од воено решение во спорот со Русија за Украина и додаде дека излез ќе се бара со дипломатско решавање на кризата.
 
Меркел рече дека не треба да се заборават лекциите од двете светски војни во 20 век.
 
Ако ги прифатиме истите методи, дали сме научиле нешто 100 години по почетокот на Првата светска војна и 75 години по почетокот на Втората светска војна? Не, нагласи Меркел.
 
Ќе продолжам да работам за добро партнерство со Русија. Нема да се решаваат конфликтите во Европа со воени средства. Воените решенија може да бидат отфрлени, изјави германскиот канцелар.