Загаден воздух

Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за загадувањето во главниот град

09.01.2023 14:35

Се исполитизира состојбата со амбиенталниот воздух во Скопје. Социјалдемократите понудија пакет мерки и вонредна седница на градот, ВМРО-ДПМНЕ упатува на вина кај централната власт. Има ли решени за смогот во кој се задушува македонската престолнина?

Скопје и натаму меѓу најзагадените градови во светот. Најкритично е во Лисиче, во Гази баба и во Аеродром. Состојбата со амбиенталниот воздух се исполитизира и меѓу градските советници. Групата социјалдемократи, бара воведување пакет мерки на итна вонредна седница.

Од ВМРО-ДПМНЕ, со слични обвинувања, но во обратна насока. Оттаму велат, Шутаров парадира со барањата кои требало да му ги пренесат на Ковачевски за тој да ги отвори на една од тајните средби со Арсовска.

„СДС е седум години на централна власт, а полумерките на советникот Шутаров нема да сменат ништо и се чист популизам. Наместо да го местат да чита проза и поезија потребни се суштински мерки за почист воздух кои не може да се имплементираат без владата“, стои во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ.

И додека партиите вината ја префрлаат едни на други, скопјани во исчекување на соодветна временска прогноза за да дојдат до почист воздух. Од Управата за хидрометеоролошки работи за наредните денови најавија врнежи од дожд во Скопје.

 

Ана  Ј. Тодоровска