Култура

Објавен конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“

09.01.2023 14:44

Лауреатот ќе биде објавен на Светскиот ден на поезијата, 21 март 2023 година. Наградата вклучува статуетка, паричен износ и објавување на книга на поетот–лауреат во превод на македонски јазик.

Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со УНЕСКО, го објави конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ 2023 за најдобра дебитантска книга од млад автор, до 35 години.

Конкурсот трае до 21 февруари 2023 година, до кога сите книги и пријави треба да пристигнат на поштенската адреса на Струшките вечери на поезијата, или во електронска форма.

Лауреатот ќе биде објавен на Светскиот ден на поезијата, 21 март 2023 година. Наградата вклучува статуетка, паричен износ и објавување на книга на поетот–лауреат во превод на македонски јазик.

Поетот–лауреат ќе биде поканет да учествува на изданието на „Струшките вечери на поезијата“ во Струга, кон крајот на август 2023 година, каде и ќе му биде врачена наградата на манифестацијата „Мостови“.

Наградата „Мостови на Струга“ е востановена во 2003 година, како дел од опсежната соработка со УНЕСКО, а по повод прославата на Светскиот ден на поезијата – 21 март.