Шифрин се изедначи со Вон

08.01.2023 19:04

Американката има 82 победи во Светскиот куп, исто колку и славната Вон, но Шифрин скија уште една успешна сезона, така што е јасно дека наскоро ќе биде единствена. За многумина веќе е.

Микаела Ширфин ја прегрна Линдзи Вон, а прашање на време е кога ќе биде осамена најуспешна алпска скијачка во историјата. Американката има 82 победи во Светскиот куп, исто колку и славната Вон, но Шифрин скија уште една успешна сезона, така што е јасно дека наскоро ќе биде единствена. За многумина веќе е.

На патеката во Крањска гора, Шифрин не можеше да киксне два дена по ред, па уште во првото возење на денешниот велеслалом најави дека за неа нема пречка. Италијанката Федерика Брињоне беше најблиску до неа, на подиумот се качи и третопласираната Швајцарка Лара Гут Бехрами, па овој пат немаше место за почести за вчерашната славеничка Грение. Третиот сезонски триумф во велеслалом ја качи Шифрин на второто место во оваа дисциплина со 25 бода заостанување зад Марта Басино, а ја одвои за 469 бодови од најблиската конкурентка во генерален пласман Петра Влхова. Ако ја продолжи серијата, Шифрин може да се надева дека уште сезонава ќе го стигне вкупниот рекорд на легендарниот Швеѓанец Ингемар Стенмарк, кој оствари 86 победи во Светскиот куп.